Апасиев најави тужби и кривични пријави: Мециновиќ нема право на платено политичко рекламирање ниту во вториот круг

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку социјалните мрежи најави кривични пријави за ААВМУ и соодветни тужби поради тоа што и во вториот круг не овозможуваат рекламирање на кандидатот за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.

– Партиските пацови во Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги уште вчера, по сила на закон, мораа да донесат ново рогациско Упатство со кое на Амар Мециновиќ ќе му го овозможат правото на ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ во вториот круг!

Но, овие вмроиди втор ден се прават при очи слепи. Затоа, против сите нив поименично – на чело со подлизуркото Зоран Трајчевски – ќе бидат поднесени кривични пријави и соодветни тужби за надомест на ШТЕТА (солидарна одговорност) не само од Левица како партија, туку и од Амар како физичко лице. – напиша Апасиев на Фејсбук

Back to top button
Close