Апасиев најавува 2.000 приговори на Левица
идерот на Левица најавува дека до истекот на рокот неговата партија ќе поднесе 2.000 приговори до Државната изборна комисија.
На својот фејсбук-профил Апасиев напиша:
„До крајот на рокот, денес 19:30 часот, Левица ќе поднесе околу 2.000 писмени приговори до ДИК.“
Во 19:30 истекува законскиот рок од 48 часа во кој подносителите на кандидатските листи може да поднесат приговори до ДИК за сумирањето на резултатите од изборите.