Апасиев: Ние на Американците ќе мора да им ги укинеме сите царини, а тие ќе ни остават 15%, каков епохален „реципроцитет“
САД и Македонија постигнаа рамковен договор за фер и реципрочна трговија, со кој се отвораат нови можности за извозниците и се продлабочува билатералната економска соработка.

Според договорот, Македонија ќе ги укине царинските давачки за сите индустриски и земјоделски производи од САД, додека Соединетите Држави ќе задржат 15% тарифи за дел од македонските производи, со можност одредени производи да добијат нулта стапка.
— реклама —
Во објава на Фејсбук, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски го оценува договорот како важен и значаен исчекор во економската соработка со САД кој има големо значење за македонската економија и од кој конкретен бенефит ќе имаат македонските компании.
Пратеникот Димитар Апасиев жестоко реагираше на најавениот реципрочен договор со САД, оценувајќи го како штетен и нерамноправен за Македонија.
„Бејби Тимчо, сиромашкиот, не го бива за ништо… Шо фати, се исуши детево. Ни вика дека склучил РЕЦИПРОЧЕН договор со САД – со кој, пази молим те, ние на Американците ќе мора да им ги укинеме сите царини, а тие ќе ни остават царини од 15%!?
Ауууу сине, каков епохален “реципроцитет”, нек си и*е мајката!
#ВмроиднаНеспособност“, вели Апасиев.






