Апасиев: Отидоа на баци рака кај Ахмети, кој им даде десетина гласа за да му опростат некој криминал!

Не сакајќи да воведат една изборна единица, отидоа на баци рака кај полубогот на собранискиот шверцерат – Али Ахмети да им даде десетина гласа, а за возврат да му опростат некој криминал, напиша лидерот на Левица Димитар Апасиев, откако законските измени за реорганизација на државната управа беше изгласан од страна на новото мнозинство, а доби двотретинско мнозинство благодарение на поддршката на ДУИ.

Истовремено, Левица се огласи и преку соопштение, каде пишува дека ова гласање покажало дека старите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се повторно заедно.

-„ДПМНЕ молкум ја одби условната поддршка на Левица за реорганизација на министерствата и обезбедување на 2/3 мнозинство со воведување на една изборна единица и реши да седне на маса со нивниот стар коалиционен партнер ДУИ.

Вчера остварената средба помеѓу ДПМНЕ и ДУИ очевидно поминала со успешно пазарење кое што се одрази со потполна поддршка на измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа од страна на Европскиот фронт.

Пратениците од Левица гласаа против измените на ЗОРОДУ откако претходно аргументираа за апсурдноста на Законот и не запазувањето на процедурата, како и после одбивањето на предлогот за реализација на една од програмските заложби и на ДПМНЕ – ветувањето за една изборна единица.

И покрај основаните сомнежи и издржани критики коишто беа истакнати од страна на пратениците на Левица, ниту еден пратеник од мнозинството, ниту пак предлагачот Мицкоски не се осмели да ја брани предложената реорганизација на министерствата.

После предлогот и изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Македонија, се случи уште едно газење на предизборните ветувања и примарната предизборна реторика на ДПМНЕ за борба против ДУИ.

Старите партнери повторно ја обелоденија Широката коалиција, каде за разлика од претходно, ЗНАМ се јавува како посебен политички субјект и уште на втората Седница прогура шверцерат на системски закон“, велат од Левица.

Back to top button
Close