Апасиев со закани се спрема за пратеник: Сите ќе ве стреламе

Димитар Апасиев од Левица го одбележа можното влегување како пратеник во новиот состав на парламентот, со кус статус на фејсбук. „Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“

Според податоците од ДИК од околу 80 отсто преброени гласови, Левица освои резултат од над четири проценти на национално ниво и веројатно ќе има пратеник од првата изборна единица, каде што носител на листата е Апасиев.

Ова се втори парламентарни избори за Левица, за која прв тест беа изборите во 2016 година. Тогаш партијата за малку не освои еден мандат, по што помина низ повеќе раслојувања.

Back to top button
Close