Апасиев: Талат Џафери е нашиот Че Гевара, за првпат од герила, директно во влада

Пратеникот од „Левица“, Димитар Апасиев денеска се обрати од собраниската говорница. Тој напрвин истакна дека се надева дека дружбата на пратениците нема да трае повеќе од две години, давајќи му одреден рок на новиот владин состав, пренесе ТВ24.

Се надевам дека ќе се дружиме само две години, рече Апасиев

-Кога ќе го видам првопотпишаниот, узурпаторот Николче Димитров, станува јасно дека секаде мора да го има неговиот потпис. За него не знаеме дали е пратеник или министер. До 12 е пратеник, а од 14 часот е министер, или обратно, рече Апасиев, по што беше предупреден од Џафери, за начинот на кој ги изговара имињата на пратениците, по што Апасиев ја прифати неговата забелешка.

Тој потоа се осврна на изборот на Талат Џафери за претседател, за што рече дека нема да го поддржи.

„За првпат од герила, директно во влада. Талат Џафери е нашиот Че Гевара, од герила дојде директно на власт. Му давам и 3:0 за толкување на Устав, наспроти претседателот на државата, Стево Пендаровски.

– Не прозборе ниту еден збор на македонски на конститутивната седница, а и потписот каде што го става во графата за кирилица, него му е на латиница, рече Апасиев за Џафери.“ – рече Апасиев.

Џафери ја прифати забелешката на Апасиев дека наликува на Че Гевара, само доколку тој се смета за Фидел Кастро. Апасиев побара да се тргнат знамињата на ЕУ и НАТО од собраниската сала, за да не дојде време и да се стават „такви на САД“.

Back to top button
Close