Апасиев: Во време на ДПМНЕ „македонскиот народ“ исчезна од историската сцена и стана „народ на Северна Македонија

Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев, преку објава на Фејсбук реагираше на новиот билатерален договор меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави, за кој во Собранието е поднесен Предлог-закон за ратификација.

Апасиев во објавата го обзнани начинот на кој во текстот на договорот е именуван народот, оценувајќи дека формулацијата претставува продолжение на процесот на демакедонизација:

„И така, ќе остане запаметено дека во време на ВМРО – ‘македонскиот народ’ исчезна од историската сцена и стана ‘народ на Северна Македонија’ “ – напиша Апасиев.

Во продолжение тој додава: „П.С. Ова е новиот билатерален договор помеѓу Македонија и САД кој треба да се ратификува на собраниска седница.“

Back to top button
Close