Апасиев за средбата на Мицкоски со родителите на загинатите од Пулс: Ароганцијата убива по втор пат

На средбата со родителите на децата од Кочани во Влада, остварена на нивно барање, дури после четири месеци од трагедијата која се случи поради корумпираниот систем, нашиот и ваш премиер Христијан Мицкоски изразил сочувство за жртвите (им рекол само едно ладно “Како сте”?);

„Ги обвинил дека опозицијата им ги пишувала барањата; и на крајот им рекол да си напишат ЦЕНА за загубените животи на нивните најмили!?

 

Е овој господин ни е премиер, другарки и другари.

Штипнете се и речете дека не е вистина, плс!!!

#АроганцијатаУбиваПоВторПат“, пишува на својот фејсбук профил лидерот на Левица, Димитар Апасиев.

Back to top button
Close