Апекс Македонија донира дезинфекциски средства на Клиниката за инфективни болести

Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби доби донација со дезинфикциони средства во износ од 20.000,00 евра од компанијата АПЕКС Македонија, со што се заокружи циклусот на донации на оваа клиника со вкупна вредност од 40.000,00 евра.

Оваа донација е дел од хуманитарната кампања на компаниите членки на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа кои реализираа низа активности со цел да помогнат на здравствениот систем кој е соочен со борбата против пандемијата од КОВИД-19 вирусот.

Веруваме дека дезинфекционите средства како и болничките кревети кои беа донирани минатата недела во Универзитетска Клиника за Инфективни болести и фебрилни состојби, ќе помогнат полесно да се одвиваат секојдневните обврски на здравствениот и техничкиот персонал во оваа клиника и да се одржат соодветните услови за нашите граѓани кои се борат со овој немилосрден вирус.

Циклусот донации на АПЕКС Македонија и Групацијата НОВОМАТИК во Македонија (Адмирал, Астра и Казино Фламинго Хотел), чија вкупна сума изнесува 200.000,00 евра, продолжуваат во наредниот период.

Back to top button
Close