Апел на скопјанка која живее во Германија: Помогнете да ја најдам социјалната работничка која го даде моето девојче на посвојување

Скопјанката С.Ч. која со децении живее и работи во Германија, ја бара социјалната работничка која ја дала нејзината ќерка на посвојување. Верува дека единствено така, преку неа, можеби ќе успее да ја пронајде и ќерката, која ја оставила на посвојување во далечната 1987 година. Нејзината животна приказна е тешка, пишува Фокус.

Раскажува дека започнала врска со момче, додека била доста млада, и од таа врска првин добиле син, а набргу потоа и ќерка. Но, нејзините родители не ја одобрувале врската, под образложение дека момчето било Албанец, и прекинале контакт со неа. Откако поради проблеми кои се појавиле во врската решила да го напушти момчето, односно таткото на нејзините две деца, ќерката и синот, таа останала сама, без поддршката од родителите.

-Да имав само најмала поддршка од родителите, мојата, а и животната приказна на моите деца немаше да биде ваква… но тоа е, и моето детство беше тешко, беа тоа други времиња. Откако прекинав со таткото на моите деца, кај него остана синот, а ќерката морав да ја дадам на посвојување. Тоа се болни спомени… Ќерка ми имаше седум месеци во тој период. Нејзиното име е Наташа Милошевска (го носеше моето моминско презиме, исто како и синот), родена на 11-ти март 1987 година во Скопје. Имаше светла коса и кафеави очи, не личеше на мене, туку на фамилијата на таткото. За жал, немам ниту фотографија од неа, имам од син ми на иста возраст, и двајцата многу си личеа. Затоа замолив да ја објавите неговата фотографија, ако ќерка ми има фотографии од тој период, по посвојувањето, можеби ќе се препознае, многу си личеа. Претешка беше одлуката да ја дадам на посвојување, и во тој период бев во контакт со социјална работничка, во социјалното накај Кисела Вода, а жената која ја барам тогаш беше социјален работник за населбата Ѓорче Петров, тогаш таму живеевме. Ми вети дека моето девојче ќе биде дадено на посвојување кај некои нејзини луѓе, кои добро ќе се грижат за неа – раскажува мајката.

Социјалната работничка по која трага, ја опишува како жена со плава коса, која во тој период имала околу 40 години. Не го знае нејзиното име.

Повеќе

Back to top button
Close