Апел за рационално користење на водата за пиење во Дебар

– Дебарското јавното комунално претпријатија „Стандард“ упати апел до кориснците за рационално користење на водата за пиење.

Тоа, поради зголемената побарувачка заради високите температури, но најмногу поради злоупотребата.

-Апелираме до корсниците да бидат повнимателни и да покажат хуманост и рационалност во насока на користење на водата за пиење.Тоа посебно со цел во овој период на пандемија вода да има секој. Напоменуваме дека не се дозволува полевање на земјоделски и други површни со вода за пење, миење тротоари и моторни возила, полнење бунари, базени за рекреативни цели и други дејствија, поврзани со трошење на водата за пиење за други намени, вели Мазлум Леши дректор на Јавното комунално претпрјатие„Стандард“.

Додава дека граѓаните кои нема да се придржуваат на ова ќе бидат исклучени од водоводната мрежа, согласно со член 33 од Законот за водоснабдување. Тоа со цел да се овозможи нормално снабдување со вода за пење на оние корисници кои редовно ги подмируваат сметките за потрошена вода и се рационали корисници на водата.

Пред повеќе од еден месец  во Дебар воведена е осум часовна рестрикција и тоа од 13:00 до 17:00 часот и  од 2:00 до 6:00 часот наутро, која, посочува директорот Леши, може да биде подолга, доколку граѓаните не  станат посовесни. вт/сст/

Back to top button
Close