Апелација ја ослободи Стојановска од вина: Здравјето ми е нарушено од стрес

Актерката Силвија Стојановска по речиси пет години откако започна судскиот процес против неа за шверц на дрога, е ослободена од вина.

Апелациониот суд ја одби жалбата поднесена од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција како неоснована и ј потврди ослободителната пресуда донесена од Основниот кривичен суд со што процесот сега е конечно завршен.

Стојановска за Фокус вели дека само сакала процесот побрзо да заврши.

Долгогодишниот стрес ми го наруши здравјето. Искрено, не можам ниту да се израдувам како што треба. Се чувствувам како издишан балон, само сакав што побрзо да заврши. И на последната расправа во Апелација им реков само побрзо одлучете, процесот веќе влезе во петта календарска година. Сега после речиси пет години кончено можам да продолжам со животот, вели Стојановска.

повеќе

 

Back to top button
Close