Апелација ја преиначи затворската казна за убиството на кучето Феликс во парична

Иако основниот Кривичен суд преку судијката Лидија Петровска пред 10 месеци го осуди Љубе Крстевски на затворска казна од три месеци за убиството на кучето Феликс, кое почина на 7 јануари 2025 година од последици на нанесените повреди, Апелација му ја преиначила казната во парична. Пресудата од Апелација во која имаше увид „Слободен печат“ е од 17 февруари годинава

Во неа пишува дека за кривичното дело убивање и мачење животни на Љубе Крстевски му се прифаќа жалбата и казната се преиначува во парична – да плати 90 дневни глоби од по 20 евра или вкупно 1.800 евра (110.700 денари).

Првично Крстевски доби три месеци затвор, а Билбиловски парична казна од 100 дневни глоби и првпат во Македонија беше досудена затворска казна за ваков вид кривично дело.

Но, Крстевски се жалел до Апелација, а неговиот адвокат побарал „судот во доволна мера да ги цени сите пет видеозаписи што се доставени на предлог на одбраната од кои може да се види дека кучето е агресивно и напаѓа во кругот на објектот“.

Адвокатот на Крстевски побарал Апелација да ги цени „и фотографиите по однос на тоа какви физиолошки потреби прави кучето во кругот на фирмата и да ги цени изјавите на обвинетите и на сведокот, како и медицинските белешки од страна на обвинетите, бидејќи тој после првото рочиште бил нападнат од активист на Лајка“. Барал да му се изрече условна казна или барем парична казна. Вишото јавно обвинителство се противело и барало потврда на првостепените казни.

Апелација не ги прифатила ваквите жалбени наводи. Кучето Феликс било со тежина од околу 15 килограми, пристапувало кон луѓето што се движеле ама не ги напаѓало, а како и секое живо суштество извршувало физиолошки потреби, но тоа не е оправдание обвинетиот да му нанесе толку удари поради неговото инстинктивно и биолошки неопходно однесување. Дополнително – кучето никој не го пријавил кај надлежните служби што би морало да се случи ако било толку опасно, смета Апелација.

Повеќе

Back to top button
Close