Апелација го пушти Зеќири во куќен притвор

Со одлука на Апњлација поранешниот генерален секретар на Владата, Мухамед Зеќири, по неколку месеци поминати во притвор, во истражниот затвор ,,Шутка”, заминува во куќен притвор.

Од судот за ,,Фокус” истакнале и дека му е одземен  пасошот.

Зеќири изминатите денови беше на болничко лекување, па од таму ќе замине дома. Тој помина речеси 4 месеци во притвор, односно во ,,Шутка” влезе на 8 април.

Зеќири е осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинителството, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале хрватски државјани.

Back to top button
Close