Апелација му ја потврди заворската казна на екс судијата Панчевски

Апелациониот суд од Скопје му ја потврдил затворска казна на експретседателот на Основен суд Скопје 1, Владимир Панчевски. Оваа информација ја потврдија од Основен суд Велес, каде на обвинетиот му се судеше во првостепена постапка. Таа е две и пол години затвор за кривичното дело злоупотреба на службена должност.

Владимир Панчевски беше обвинет дека како претседател на скопскиот Кривичен суд го злоупотребувал системот за електронско распределување на предмети, познат како АКМИС, со што одлучувал кој судија ќе суди предмет на СЈО. Првостепената пресуда за овој предмет во Основен суд Велес беше три и пол години затвор, кој скопска Апелација ја преиначи во две и пол години. По оваа одлука Панчевски отиде затвор каде беше 13 дена.

Во меѓувреме, поднел барање до Врховен за вонреден правен лек што беше прифатено и предметот вратен на Апелација во Скопје на ново судење. Тоа завршило пред десетина дена со изрекување на истата затворска казна како и претходно. И на оваа Панчевски има право на вонреден правен лек до Врховен суд.

Back to top button
Close