АПЕММ не е задоволна од одлуката на Владата за помош на медиумите

 

Асоцијацијата на приватни електронски медиуми АПЕММ, не е задоволна од одлуката на Владата  за помош на медиумите.

Бараме промена на одлуката, поради искажан дискриминаторски и нееднаков пристап кон трговските радиодифузни друштва и останатите медиуми. Додека телевизиите добиваат ослободување за плаќање на надоместок од 78.000 евра, радијата се ослободени од надоместок во износ од 5.343 евра, што е повеќе од 11 пати помал износ.

За да може да се направи споредба:
-Националните терестријални ТВ по овој основ ќе добијат 78.000 евра, за годишен надоместок кон приватниот оператор А1 за вкупни трошоци.
-Додека националните радио станици ќе добијат само надоместок за фреквенција без други трошоци што изнесува 5.343 евра.
Реалниот трошок по калкулации доставен до Владата за радио изнесува на годишно ниво 66,500 евра.
Националните ТВ ќе добијат 15 пати повеќе средства од национално радио, за ист основ.
Регионално радио Скопје, има годишен трошок за дистрибуција на сигнал од 7,091 евра.
Регионална ТВ во Скопје ќе добие 12,000 евра за трошоците кон операторот А1, додека регионално радио Скопје ќе добие 1,241 евра, што е 10 пати повеќе во корист на ТВ.

Одобрените пари од Владата за фреквенција за радио претставуваат само 10% од реалниот трошок на радијата за дистрибуција.

Во исто време ја известуваме јавноста дека трошоците за дистрибуција на сигнал на радио во вкупниот годишен буџет, изнесуваат 20%, а додека за националните ТВ изнесува само 2% годишно.

Министерот Роберт Поповски на прес конференцијата изјави дека Владата ќе ја субвенционира дистрибуцијата на сигналот на националите ТВ и другите радиодифузни друштва како и печатени медиуми, портали на еднаков и недискриминаторски начин.

АПЕММ пред два дена достави листа на трошоци до Влада на РСМ, за дистрибуција на аналоген сигнал, еквивалентен на дигитален сигнал за ТВ.

Очигледно е дека има лоша перцепцијата на Владата што е Радио што е ТВ, а законот не прави разлика, бидејки ние сме трговски радио дифузни друштва.

Владата ќе ги покрие трошоците за дистирибуција и на кабелските и сателитиски ТВ, и на печатените медиуми со севкупен износ,  но нема само за радио, што е многу чудна одлука и е крајно дискриминирачка.

Владата овие трошоци ќе ги покрие кон приватната компанија како А1 а додека за  националните радија кои најповеќе должат кон ЈП МРД, и кон други приватни провајдери на столбови, нема да ги подмири трошоците.

Бараме Владата да донесе нова уредба за покривање на трошоците за дистрибуција на сигнал за сите радиостаници согласно нашето барање и приложената калкулација.

Доколку ова не го стори до сабота кога што е и последен ден на вонредната состојба очигледно е и дека нема намера тоа да го стори за радијата.

 

 

Back to top button
Close