Апсења во Делчево: Приведени две лица за „перење пари“ – причиниле огромна материјална штета на буџетот

Целосна дигитализација и комплетно автоматизирани и бесхартиени царински постапки, реконструкција на граничните премини со Бугарија како и изградба на нов граничен премин Клепало, се дел од активностите кои ги презема Царинската управа во насока на олеснување на трговијата и зголемување на регионалната соработка со Бугарија. Ова денеска го истакна директорката Славица Кутиров, на панел дискусија одржана во рамки на Бизнис форум за унапредување на соработката помеѓу двете држави.

Во насока на целосно автоматско и бесхартиени постапки, како едно од најголемите барања на бизнис коморите, Кутиров нагласи дека е воведена „зелена царинска декларација“, со што од минатиот месец царинските постапки завршуваат за еден час.

„Значајно во оваа новина е што економските оператори целата постапка ја спроведуваат бесхартиено и далечински, без да доаѓаат во царинските терминали и без било каква интеракција со царинскиот службеник. Веќе сведочиме за позитивни коментари и искуства од страна на деловната заедница за воведувањето на зелените царински декларации“, вели Кутиров.

Во делот на инфраструктурни проекти, Кутиров истакна во моментот се работи на реконструкција на два гранични премина со Република Бугарија: Деве Баир и Делчево, како и на воспоставување нов граничен премин Берово (Клепало) – Струмјани.

„Заложбите на двете земји, со поддршка од Владите и работата на Царинската управа од наша страна и Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија, резултираа со одобрување на инвестиција преку ИПА инструментот за прекугранична соработка за овој стратешки проект за воспоставување на нов граничен премин Клепало. Со тоа на долгорочен план ќе придонесеме за олеснување на трговската размена и патничкиот промет меѓу двете држави, а заедничката реализација дополнително придонесува кон подобрување на регионалната соработка“, истакна директорката Кутиров.

Воедно, Кутиров потенцира дека позитивните искуства од примената на Зелените коридори во рамки на ЦЕФТА, веќе се пренесуваат на активностите за проширување на истите и кон соседните земји-членки на ЕУ. По потпишувањето на Меморандум за размена на податоци со Република Грција и воспоставувањето првиот зелен коридор со земја-членка на ЕУ, веќе постои иницијатива за проширување на овој концепт и на граничните премини со Република Бугарија, како дел од заедничките активности за олеснување на прекуграничната трговија во регионот.

Back to top button
Close