Апликацијата на Трамп најверојатно од утре во продавницата на Епл

 

Апликацијата „Truth Social“, која ја покрена поранешниот американски претседател Доналд Трамп, би можела од утре да се најде во продавницата на Епл, пренесуваат западните медиуми, повикувајќи се на објавата на еден службеник за тест верзијата на споменатата апликација.

Покренувањето на апликацијата ќе го врати присуството на Трамп на социјалните мрежи, кому повеќе од една година му е забранет пристап на Твитер, Фејсбук и Јутјуб, оценуваат медиумите.

На Трамп му беше забранет пристапот до најпопуларните социјални мрежи по упадот на неговите приврзаници во Капитол Хил во Вашингтон на 6 јануари 2021 година.

На 15 февруари, најстариот син на Трамп објави видео на Твитер кое најавува: „Подгответе се! Вашиот омилен претседател се враќа наскоро!“

Зад платформата стои „Trump Media and Technology Group“ (TMTG).

– Оваа недела ќе почнеме да се пласираме во продавницата на Епл. Тоа ќе биде одлично, бидејќи ќе добиеме многу повеќе луѓе кои ќе бидат на платформата, изјави за Фокс њуз поранешниот шеф на Комитетот за разузнавање на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Девин Нунес

Back to top button
Close