Апокалипса во Солун: Водата носеше автомобили како да се играчки, ветерот корнеше дрвја
Невремето што ја зафати Грција ја парализираше речиси целата земја.
Училиштата во Солун, Халкидики и неколку острови денеска немаат настава, патиштата се блокирани поради поплави, а како што информираат од спасувачките екипи има и жртви при евакуацијата
Невремето, кое викендов ја парализира Грција, се уште не стивнува и додека поголемиот дел од земјата е поплавен, а силните налети на ветерот го оневозможуваат животот во поголем дел од земјата, властите презедоа одредени заштитни мерки.
На островите кои ги зафати посилно невреме затворени продавници, евакуиран дел од населението, затворени училишта и некои градинки, сменети се некои градски транспортни линии.
Најавата за апокалиптичните сцени предизвикани од невремето „Бора“ дојде до граѓаните од Цивилната заштита, кои уште од викендот во раните вечерни часови испраќаат СМС пораки со предупредување за тешки временски појави.
Малку подалеку од Солун, на Халкидики, исто така драматични слики. Како што се дознава од мештаните, иако ветрот престанал, ситуацијата е далеку од идеална.
„Некако тргнав кон работа, но не успеав да одам до становите на приземјето“, вели Тамара, агент за недвижности во Неа Мудања.
Нешто по полноќ граѓаните се предупредени да не одат од Порто Куф до Неос Мармарас бидејќи во невремето е оштетена патната мрежа.
Улиците останаа покриени со кал, а очајните граѓани ја испумпуваа водата од домовите и ја чистеа калта која уништи се што стекнале низ годините.