Јапонската владеачка партија од премиерот Абе побара откажување на посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг

Јапонската владејачка Либерелано-демократска партија, на премиерот Шинзо Абе, денеска побара од владата да ја откаже посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Јапонија.

Таа тоа го побара поради наметнувањето на новиот Закон за национална безбедност на Хонг Конг.

„Додека меѓународната заедница изрази сериозна загриженост за заканата по принципите на слобода, човекови права, демократија …, ние немаме друг избор освен да се повикаме (владата) да ја откажеме државната посета на претседателот Си Џинпинг на Јапонија“, наведува Либерално-демократската партија во одлуката за откажување на посетата.

Резолуцијата го осудува фактот дека Пекинг го наметна Законот за безбедност на полуавтономниот Хонг Конг и се наведува дека Кина треба да одговори на загриженоста на меѓународната заедница, а Владата на Јапонија „поубедливо“ да ја повика Кина да работи на градење пријателски односи.

Според новиот кинески закон, политичките активности во Хонг Конг можат да бидат забранети како субверзивни, сецесионистички и терористички, како и странско мешање.

Критичарите велат дека законот го поништува принципот за „една земја, два система“, според кој Кина му дала на Хонг Конг висок степен на автономија и слобода.

Кина веќе ја критикуваше Јапонија за неодамнешните изрази на  жалење околу третманот на Пекинг со Хонг Конг.

Посетата на кинескиот претседател на Јапонија требаше да пролетва, но истата беше одложена поради пандемијата на коронавирусот. Посетата требаше да го потврди подобрувањето на односите меѓу двете земји по неколкугодишните непријателства поради територијалниот спор во Источното Кинеско Море и другите меѓусебни проблеми кои датираат од Втората светска војна.

Back to top button
Close