Апсења околу избирачко место во Чаир

Поради непочитување наредба на овластени службени лица и утврдување на идентитет приведени се две лица во двор од основно училиште на подрачје на Чаир во Скопје, информираше полицијата.

Станува збор за Ф.Е. (35) и Н.Е. (44).

Според податоците на МВР, лицата не биле вклучени во изборниот процес, а се претставувале како набљудувачи на изборниот процес, биле во дворот од училиштето и одбиле да се легитимираат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close