Апсење на плоштад „Mакедонија“ 20-20-годишно момче од Батинци шетало со пиштол

МВР информира дека полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа околу 19.15 часот пред казино на плоштадот „Македонија“ го привеле А.И. (20) од скопско Батинци.

„При преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол марка ZORAKI M 906 T и рамка со шест куршуми калибар 7,65 милиметри. Дваесетгодишникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, наведено е во полицискиот билтен.

Back to top button
Close