Related Articles
Можеби ќе ве интересира
Close
-
Нови правила за возачки дозволи во ЕУ – најавена голема промена
19.10.2025 19:27
Член на избирачкиот одбор денеска е уапсен на избирачко место во просториите на Основното училиште „Имри Елези“ во општина Чаир, објави „Алсат“.
Според информации од теренот, апсењето се случило за време на пауза, во моментот кога лицето излегло надвор да испуши цигара.
Претседателот на избирачкиот одбор на ова избирачко место изјавил дека сѐ уште нема официјални информации за причините за апсењето, додека изборниот процес продолжил нормално. Надлежните органи се очекува да дадат повеќе детали во текот на наредните часови.