Апсење во Долно Лисиче: Се скарале поради нерасчистени долгови, па му напрскал спреј во очи

Вчера во 20:30 часот во с. Долно Лисиче, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека поради нерасчистени должничко-доверителски односи, му упатувал закани на И.А.(30) од с. Долно Лисиче и притоа со спреј го испрскал по очите.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






