АПСЕЊЕ ВО ПРИЛЕП: Фиктивно вработувале бремени жени и родилки, ги пријавувале како продавачки без да одат на работа, го оштетиле Фондот за околу 600 илјади евра

Во временскиот период од 22.10.2020 година до 30.11.2023 година, првоосомничениот како одговорно лице во правно лице, заедно со останатите осомничени – членови на неговото потесно семејство, со намера за себе да прибават противправна имотна корист од значителна вредност, на друг начин ги довеле во заблуда овластените лица на Фондот за здравствено осигурување на РС Македонија, Подрачно одделение Прилеп да извршат незаконити исплати во вкупен значителен износ од 35.551.472,00 денари
По повеќемесечна предистражна постапка под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, денес во раните утрински часови Управата за финансиска полиција реализира акција под кодно име „Цицач” на територијата на Општина Прилеп, соопшти Јавното обвинителство

„Предметниот јавен обвинител постапувајќи по кривичната пријава против повеќе физички и две правни лица за сторени кривични дела Измама од член 247 ст.1 и Перење пари и други приноси од казниво дело од член 273 ст.1 од Кривичниот, поднесена од Управата за финансиска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица. Според описот во диспозитивот на пријавата јавниот обвинител оцени дека постои основано сомнение дека првоосомничениот како одговорно лице во правно лице сторил кривично дело Измама во службата од чл.355 ст.4 в.в. со ст. 3 в.в. со ст.1 од КЗ, за што во извршувањето му помогнале второ и третоосомничениот, а сите заедно како соизвршители сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Воедно кривичното дело Перење пари и други приноси од казниво дело се става на товар и на четвртоосомничената“,

Back to top button
Close