Аптекарот од Онкологија доби 2 години затвор за примање поткуп, пресудата ќе биде обжалена

Аптекарот од Клиниката за онкологија Калтрин Уштеленца е неправосилно осуден на 2 години казна затвор за примање поткуп од сега починатата пациентка со рак на белите дробови Минка Веизовска, пренесе Слободен печат.

Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Дополнително, првостепениот суд пресуди дека тој 5 години нема да има право да извршува професионална дејност.

Пресудата денеска ја изрече судијката Бранка Наумоска и ќе биде обжалена на Апелација од страна на адвокатката на Уштеленца во рок од 8 дена.

Судијката Наумоска при соопштувањето на пресудата рече дека како отежителни околности судот го ценел карактерот на кривичното дело, кое како што рече, се карактеризира со особена тежина, како и општествената опасност од овој вид кривични дела кои го нарушуваат начинот и функционирањето на државните институции кои пак се заштитен механизам на граѓаните. Исто така, Наумоска рече дека отежителна околност при донесувањето на пресудата било и тоа што овој вид кривични дела се повеќе зачестуваат.

Повеќе

Back to top button
Close