АР: Директорот Муслиу не бил на состанок во СДСМ, туку имал приватна средба со Зекири

Соопштение за медиуми:

Директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, не е член на ниту една политичка партија.
Тој не бил на партиски состанок во СДСМ.

Директорот на АР е во самоизолација поради приватна кратка средба со пратеникот Мухамед Зекири која се случила во град на 30.05.2020 година.
Имајќи в предвид дека раководи со институција во која работат многу вработени, а со цел одбегнување и најмала можност за инфекција ,како одговорна личност одлучи да оди во самоизолација.

Ние во АР за цело време додека трае ситуацијата со пандемијата успеавме да се заштитиме а притоа да ги извршуваме редовните обврски.

Им сугерираме на медиумите да не потпаѓаат на хибридната пропаганда гладна за лажни вести.

Му сугерираме на потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николовски да ја повлече неговата изјава дадена за Канал 5 на 02.06.2020 година бидејќи содржи невистинит факт.

Back to top button
Close