Арагчи: Иран напаѓа во самоодбрана, на места кои САД можат да ги користат за напад

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека вооружените сили на земјата вршат напади „во самоодбрана“, на локации кои САД „можат да ги користат за напад врз цивилни бродови и за кршење на примирјето“.
„Секој непријателски чин ќе биде пречекан со итен и одлучен одговор. Она што санкциите и војната не успеаја да го постигнат, нема да се добие со нова војна“, напиша Арагчи во објава на Х.
Арагчи во објавата сподели и видеоснимка на која американскиот државен секретар Марко Рубио, за време на вчерашното сослушување пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат, вели дека некои сојузници на САД, како што се Обединетите Арапски Емирати и Кувајт, за време на војната со Иран биле „исклучително подготвени за соработка“.
Во иранскиот напад врз Кувајт утринава загина едно лице, а повредени се најмалку 63 лица, меѓу кои и работници на аеродромот и патници, соопштија Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи на Кувајт.
Министерството за одбрана на Кувајт соопшти дека за време на последниот ирански напад биле пресретнати 13 балистички ракети и 17 дронови.






