Арбен Таравари најверојатно ќе биде нов министер за здравство

Неврологот Арбен Таравари најверојатно ќе биде новиот министер за здравство, иако во јавноста кружеше информацијата дека на министерското столче ќе се врати Фатмир Меџити, дознава „Фокус“.

Според порталот, еден од условите на лидерот на „вмровците“, Христијан Мицкоски за ВЛЕН да го добие секторот здравство е Таравари да ја преземе министерската функција.

Актуелниот градоначалник на Гостивар таква можност имаше во 2017 година, откако СДСМ формираше влада, а тие беа нивни каолициони партнери. Но, сепак неговата министерска кариера кратко траеше, поточно само два месеци.

Повеќе

Back to top button
Close