Ардерн: Границите на Нов Зеланд ќе бидат затворени на подолг период

– Границите на Нов Зеланд ќе бидат затворени на подолг период оваа година поради пандемијата на коронавирусот, но земјата ќе ги почитува патните аранжмани со соседна Австралија и другите пацифички држави, потврди денеска премиерката Џасинда Ардерн.

Таа најави дека официјалната надлежна институција Медсејф може да издаде дозвола за употреба на вакцината на „Фајзер / Бионтек“ веќе следната недела, во услови на зголемен притисок на јавноста да започне масовна имунизација на населението.

Со само двајца новозаразени, вкупно 1.934 случаи на Ковид-19 и 25 смртни случаи од почетокот на пандемијата, Нов Зеланд со целосно затворање и изолација успеа да го елиминира коронавирусот. 

Back to top button
Close