Арената Борис Трајковски е стартната точка на „офанзивите“ на Орце. Денеска од таму ќе тргнат 60 автобуси – од приватните на Ленин
Автобуси претпладнево се собираат во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, од каде се очекува да се вклучат во сообраќај.

Новиот градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по вчерашната акција за чистење, денеска најави и 60 дополнителни приватни автобуси.
Како што вели, тие ќе бидат ставени во функција за да се решат проблемите со нефункционалните линии и гужвите во јавниот превоз.
„Имаме средба со приватните превозници по овој настан. Како што најавив, ќе бидат ставени во функција 60 приватни автобуси дополнително кои ќе го олеснат транспортот на нашите сограѓани. Во ребалансот ќе влезе и БРТ системот,“ изјави Ѓорѓиевски.
Тој нагласи дека за решавање на сообраќајниот хаос мора да се понуди комбинација од различни транспортни решенија.
„За многу скоро време, нашите сограѓани ќе добијат ефикасен и ефективен јавен транспорт каков што заслужуваат,“ додаде градоначалникот, потенцирајќи дека модернизацијата на системот е главен приоритет на новата градска администрација.
Фото: Архива






