Аргентина девет денови без фудбал поради коронавирусот

 Сите фудбалски активности се суспендирани во Аргентина во следните девет денови, воочи воведување карантин во поголемиот дел од државата поради пандемијата со Ковид-19.

Аргентинската фудбалска федерација се одлучи на таков чекор три недели пред Копа Америка, што започнува на 13 јуни во Аргентина.

Од одлуката на аргентински власти се изземени само натпреварите кои идната недела ќе се играат во рамки на Копа Либертадорес.

– Во овој момент кога нашата земја мора да се потруди да ја стави под контрола оваа вознемирувачка пандемија од која сите сме погодени, Федерацијата и фудбалот мораат уште еднаш да ги следат властите и да ги суспендираат сите натпревари во следните девет денови, соопшти денеска Фудбалската федерација на Аргентина.

Оваа јужноамериканска држава дневно во просек бележи околу 35.000 новозаразени со коронавирус, а како последица на Ковид-19 во Аргентина досега починаа 73.000 луѓе.

Карантинот во високоризичните региони во Аргентина ќе биде воведен в сабота и ќе трае до 31 март.

Back to top button
Close