Арктички бели волци ќе станат дел од Скопската зоолошка градина

Неколку арктички бели волци ќе бидат најновата аквизиција на Зоолошката градина во главниот град, јавија од ЗОО Скопје.

 

За првпат вакви животни доаѓаат кај нас. Арктичките бели волци спаѓаат во животни од загрозен вид. Кај нас ќе пристигнат некаде во јули и тоа од зоолошки градини во Литванија и Германија, а се на возраст од околу една година.

„Белите волци ќе бидат втор вид на ретки бели животни во скопската зоолошка по белите лавови Чака и Бела кои веќе се омилени меѓу посетителите“, велат од ЗОО Скопје.

Back to top button
Close