Армијата на Република Северна Македонија одбележува 28 години од своето постоење

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Свеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници.

Како што најавија од Генералштабот на Армиата обраќање ќе имаат претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На свеченоста од страна на претседателот Пендаровски со Орден за воени заслуги ќе се одликуваат баталјонот за воено-медицинска поддршка, третиот пешадиски баталјон од првата пешадиска бригада и канцеларијата за соработка во одбраната на САД.

Свеченоста ќе биде пренесувана во живо на првиот програмски сервис на МТВ, како и на Фејсбук страниците на шефот на државата, Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија.

Back to top button
Close