Армиски хеликоптер вклучен во гаснењето на пожарот кај селото Фурка

Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума, информираа од Центарот за управување со кризи

„Поради сериозноста на пожарот, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот помеѓу Богданци и Дојран, а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, градоначалниците на двете општини преку ЦУК упатија барање за ангажирање хеликоптер на Армијата. На барањето е позитивно одговорено, и армиски хеликоптер е упатен кон Богданци“ велат од ЦУК.

Во гаснењето на пожарот, учествуваат триеесетина пожарникари од Гевгелија, Кавадарци, Валандово и Дојран како и припадници на МВР.

Back to top button
Close