Арнаутовиќ му опцул мајка на Алиоски, албанската дијаспора бара УЕФА да го казни Австриецот

Австрискиот фудбалер со српско потекло, Марко Арнаутовиќ, му ја опцу албанската мајка на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски – УЕФА да го исклучи од Европското првенство. Вака пишува информативната агенција на албански јазик во својата информација под наслов „Србин му ја опцу мајката на фудбалерот Албанец – писмо до УЕФА за негово исклучување“.

Како што наведува агенцијата, Арнаутовиќ упатил тешки навреди до Алиоски и затоа албанската дијаспора во ЕУ бара од УЕФА негово исклучување од ЕУРО 2020.

„Здружението на албански печалбари во земјите на ЕУ преку писмо упатено до УЕФА побара исклучување на српскиот фудбалер во австриската репрезентација Марко Арнаутовиќ од Еврпското првенство, бидејќи тешко го навреди фудбалерот – Албанец од македонската репрезентација Езџан Алиоски. Медиумите известија дека Арнаутовиќ, по третиот постигнат гол на вчерашниот натпревар со Македонија, се гледа кога му ја пцуе мајката на Алиоски, додека во меѓувреме австрискиот капитен Алаба се обидуваше да го запре и да му ја затвори устата“, објавува ИНА.

Во информацијата на агенцијата се цитира целосниот текст на писмото, кое албанската дијаспора од ЕУ го упатува до УЕФА:

„Бевме сведоци на искажување расизам на еден играч на Австрија упатено кон играчот на Македонија! Станува збор за Марко Арнаутовиќ, кој ја навреди албанската мајка на играчот од Македонија, Алиоски. Бараме овој играч – расист да биде исклучен од следните натпревари, а Австрија да се казни со глоба според правилата на УЕФА, кои се однесуваат на расизмот. Веруваме во паролата ‘НЕ НА РАСЗМОТ ВО ИГРАТА!“, се вели во реакцијата на албанската дијаспора.

Back to top button
Close