Арнаутовиќ: Не чека тежок натпревар, Македонците се квалитетни и со поддршка од целата нација

Ѕвездата на австрискиот состав Мaрко Арнаутовиќ истакна дека неговите соиграчи се свесни за квалитетот што го поседува македонската фудбалска репрезентација и во ниту еден момент нема да го потценат противникот.

– Македонците се опасен тим и мораме да ги респектираме. Ако ги потцениме ќе имаме тешка вечер, изјави Арнаутовиќ за австриските медиуми, спроти дуелот против македонската репрезентација в недела од 18 часот во Букурешт, во рамки првото коло од групата Ц на ЕУРО2020.

Арнаутовиќ посочи дека Австријците се подготвуваат за тежок натпревар против репрезентација, која е полна со самодоверба и ја ужива поддршката од целата нација. Австрија два пати го совлада македонскиот состав во квалификациите за ЕУРО2020, но, според Арнаутовиќ натпреварот в недела ќе биде сосема поинаков.

– Овој натпревар ќе биде различен од тие во квалификациите. Македонија ќе биде полна со самодоверба, бидејќи тие за прв пат сега се тука. Целата држава ќе биде зад нив. Но, ние не треба да се фокусираме на нив, тука да го свртиме фокусот кон нас самите и да се држиме до нашата игра, изјави Арнаутовиќ.

Посочи дека Македонија има многу квалитетни играчи, вклучувајќи го, како што кажа, неговиот многу добар пријател Горан Пандев.

– Многумина го отпишуваат поради годините, но тој и натаму прокоси и покажува колку сè уште е квалитетен играч, додаде Арнаутовиќ.

Back to top button
Close