Арсенал дава 18 милиони фунти, за да се ослободи од Озил

– Раководството на Арсенал е подготвено да понуди 18 милиони фунти на Месут Озил за раскинување на неговиот договор, пренесува британскиот таблоид „Мирор“.

Поранешниот германски репрезентативец целосно ја загуби довербата на менаџерот на „топџиите“ Микел Артета и повеќе не е дел од неговите планови, а клубот се обидува да се ослободи од 31-годишниот играч од средниот ред за да го олесни буџетот за плати.

Озил во моментов заработува 350.000 фунти неделно и е врзан за лондонскиот клуб до летото 2021 година, но ниту еден тим не е подготвен да го купи. Затоа, Арсенал е подготвен да му ја плати на Озил целата сума според неговиот договор, само за да се ослободи од неговите услуги.

Друга опција за „топџиите“ да му понудат на некој тим да плаќаат дел од неговата плата следната година. Во секој случај, се чини дека е сигурно дека Озил веќе го одиграл својот последен натпревар во дресот на лондонскиот тим.

Back to top button
Close