Арсенал сака да го продолжи закупот на Себалос

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себалос, кој е на позајмица во Арсенал, може да остане во Лондон. „Топџиите“ сакаат да го продолжат закупот на 23-годишниот Шпанец за уште една сезона, објави „АС“.

Валенсија и Милан исто така се заинтересирани за фудбалерот на Реал.

Во тековната сезона, Себалос има две асистенции на 22 одиграни натпревари во Премиер лигата.

Back to top button
Close