Арсенков: Немаше никакво пукање во болницата, беа донесени две повредени лица

Во болница немаше никаков инцидент, ниту пукање, вели за СДК директорот на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ д-р Љубен Арсенков, откако повеќе медиуми известија за наводен инцидент пред зградата на старата градска болница во Скопје, без да наведат извор на информацијата.

Во болницата попладнево биле донесени две повредени лица, кои се здобиле со повреди од огнено оружје при пресметка надвор од кругот на болницата. Пред болницата забележавме возило на граничната полиција со запалени ротациони светла, но нема потврда дали тоа е поврзано со инцидентот.

повеќе

Back to top button
Close