Aрсовка: Поканети беа сите партии , да дојдеа и од ВМРО ДПМНЕ ќе беше во првиот ред

Испративме покани до сите политички партии, како што е ред – да дојдеше и секретарот на ВМРО-ДПМНЕ ќе седеше во првиот ред – рече градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во врска со присуството на генералниот секретар на СДСМ Миле Зечевиќ на конвенцијата на која таа беше промовирана како нов претседател на партијата Нова алтернатива.

Во гостување во „Само Интервју“ на Канал 5 Арсовска рече дека во „Нова алтернатива“ ќе има спој на луѓе со кои планираат да ги спојат искуството и енергијата, а кои досега не биле дел од политиката.

– Ќе се залагаме за правда, правичност, економски просперитет и борба со корупцијата – рече Арсовска.

Арсовска информираше дека Град Скопје поднел кривични пријави во МВР против неколку лица во врска со голема дива депонија во општина Ѓорче Петров и посочи оти очекува ограните да постапуваат по пријавата.

Back to top button
Close