Арсовска- Ако Постапите по доказите за фалсификати од Висар за да не ви се смеат дека сте лавови од штаб,ќе бидете херои
Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска е упорна во повикување на власта да не ги игнорира доказите за фалсификати и перење пари од градоначалникот на Чаир Висар Ганиу .Попладнево преку нејзиниот фејсбук повторно ја повикува владеачката ВМРО ДПМНЕ да не го игнорира криминалот за кој таа и во обвинителството и во јавноста со денови покажува докази и згради дивоградби. Премиерот Мицковски уште на почетокот а пред некој ден кога Арсовска беше физички нападната рекоа дека таа прави циркус.
Доставени ви се непобитни докази за криминалот потврден институционално од повеќе извори. Еве ви добра идеја да бидете јунаци, наместо да ве исмева народ дека не смеете да му писнете на Висар Ганиу. напиша на ФБ градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.


