Арсовска до Ганиу: Вечерва си ковал план лопову криминален да собираш пак ѓубре и да правиш герила да го истураш пред град Скопје
По веста дека градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу е на терен и собира ѓубре, со реакција се јави и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Таа вели дека му се обраќа тука, за пред целата јавност да ти стане јасно што се случува.
„Таму каде што си измеќар, една работа не ти кажале за мене. Кога се закануваш, само ме мотивираш да работам повеќе и една по една сите криминални зделки со дивоградбите ќе ти ги објавам, не се повлекувам и не постои притисок што ќе ме натера да се откажам!!!
150 дивоградби ти имам фатено и институционално се писмено докажани и нотирани, службено ти се вратени со сите забелешки на твојата документација, во кои забелешки најнепобитната е дека ЛАЖЕШ ДЕКА СЕ ГРАДЕНИ ПРЕД 2011 година односно ГРАДЕНИ СЕ СЕГА!!!
Ти место да им вратиш на луѓето парите за тоа што си ветувал и не можеш да им испорачаш, се одлучи да се пресметуваш со жена ама оваа жена не ти се плаши ни на тебе ни на тој Изет.
Ти фативме низ општина Чаир со камиони како градежниот и кабаст отпад ги фрлаш во и околу наши контејнери, за да не напаѓаш, за што МВР и инспекциските служби ти го конфискуваа камионот. 7 милиони му должиш на Комунална хигиена!
Вечерва си ковал план лопову криминален да собираш пак ѓубре и да правиш герила да го истураш пред град Скопје.
Јас пак ќе ги упатам да се соберат сите илјадници луѓе што сте им зимале пари за небезбедни станови во дивоградби кои никогаш нема да можат да ги легализираат и да ти дојдат пред општина Чаир да си ги бараат парите да им ги вратиш.
Само да те потсетам, те чекав во Чаир ако си маж да дојдеш, не собра храброст. Ќе те чекам и во град Скопје со сите докази за дивоградбите. Никој не ти се плаши, заедно со ѓубрето што планираш да го носиш ќе те исчистиме и тебе!!“, вели Арсовска.