Арсовска до Меџити- Ќе ви гo дестабилизирам криминалот и приливот на нелегални пари а не општината

Изет изјавил дека ќе сум ја дестабилизирала државата.
Изет, единствена дестабилизација од мене ќе добиете ти и твојот измеќар Висар што ти ги потпишувал незаконските дивоградби за кои луѓе ви платиле милиони евра, а сте ги лажеле дека ќе можат да ги легализираат.
Не се глупирајте, ви ја знаеме играта, ви ги знаеме лагите, знаеме кога се обидувате да манипулирате со јавноста и да ја дефокусирате.
Како тоа секогаш кога некој ќе ви чепне во криминалот тоа е „обид за дестабилизација“?
Каква е таа матрица на ВМРО-ДПМНЕ и измеќарите од ВЛЕН?
Секогаш кога се во тесно, кога флагрантно се фатени со „рачињата во медот“, тоа било обид за дестабилизација.
Каква дестабилизација? Што ќе се дестабилизира?
Ќе ви кажам јас што. Единствено нешто што ќе се дестабилизира од откривањето на криминалот со дивоградбите во Чаир е вашата комоција и прилив на нелегални пари. Тоа ќе биде дестабилизирано.
Кажете колку пари земавте за нелегалните објекти, не се глупирајте.му порача градоначалничката Арсовска на вицепремиерот Меџити.
Тој денеска ја обвини Арсовска дека ова што го прави со дивоградбите во Чаир било по налог на ДУИ како трет обид за дестабилизација оти претходните два обида на Ахмети му пропаднале.
Можно е да е слика од 1 лице
Back to top button
Close