АРСОВСКА ДО МИЦКОСКИ: Почитуван РЕЖИМСКИ ДИКТАТОРУ, дај име за нов директор да го исчисти градот за 3 дена

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вечерва преку социјалните мрежи упати директни обвинувања до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, по приведувањето на директорот на ЈП „Комунална хигиена“.

Арсовска во својата објава го нарече Мицкоски „диктатор“ и ја обвини неговата партија, која ја нарече „МВРО“, за саботажа.

„Во режијата на МВРО на Мицкоски за приведување на директорот на Комунална хигиена, заборавиле на ДИКТАТОРОТ да му кажат дека сега нема кој да потпишува во претпријатието, за да може и со тие неколку камиони што не успеале да ги саботираат да се собира отпадот“, напиша Арсовска.

Таа директно го предизвика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи на, како што вели, неговото ветување за чистење на градот.

„Почитуван РЕЖИМСКИ ДИКТАТОРУ, бидејќи вети за 72 часа ќе бил исчистен отпадов, ајде таман денес вторник дај име од утре за директор, бидејќи овој што не ти чинеше го уапси, да видиме кој е тој ТВОЈ јунак што ќе го исчисти за 3 дена градот“, се вели во објавата.

Арсовска ја заврши пораката со ироничен коментар поврзан со претстојните избори: „Таман до петок пред избори да е чисто, гордо во недела да те гласаат сите“.

Back to top button
Close