Арсовска до Мицковски-Дозволи Ганиу да те седне во скут место да го апсиш.Јас не ви се повлекувам.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска ја продолжува битката со дивоградбите во Чаир и градоначалникот од оваа општина Висар Ганиу.  Таа веке десетина денови се огласува на нејзиниот фејсбук во ѓиво од терен покажува дивограби покажувва документи за фалсификувани легализации на цела зграда во Чаир,тврди дека додека е таа на функција му одбила одобрение за легализација на околу 150 објекти оти се дивоградби и се на диво приклучени и на водоводната мрежа и на елктричната енергија и крадат и струја и вода,го повиква премиерот.Министерот за внатрешни работи и Обвинителството да постапат и да го приведат градоначалникот Висар Ганиу.
Досега само обвинителството ја повика и таа му однесе документи за дивоградби во Чаир,премиерот реагира само на новинарки прашања и ја охрабрува да постапувала но и тврди дека позадината на овој лов на дивоградби е дестабилизација на општината пред избори и дека Арсовска е инструмент на ДУИ, Арсовска тврди дека со години а особено сега кога во јавноста ги вади дивоградбите и доказите дека се нелегални има закани по нејзиниот живот,бара заштита но полицијата не реагира оти немале на писмено од неа пријава за закани.

Денеска Арсовска во очи на денешната седница на советот на град Скопје на која на дневен ред се незаконските дивоградби во Чаит преку социјалните мрежи му се обрати на премиерот Мицковски со предупредување дека не се плашела и ке одела до крај со расчистување на криминалот со дивоградбите на Висар Ганиу.

Danela Arsovska 
13 мин. 
Мицкоски, денес ти се обраќам како жена, како човек, како градоначалник. Читај внимателно.
Ги спречуваме дивоградбите на Ганиу повеќе од 3 години, враќаме документи и постапуваме, никој институционално не реагира.
Денес кога на седница на совет на Град Скопје ќе се дискутира за случајот за незаконските дивоградби од Чаир што е пријавен во обвинителство, од кој неминовно ќе се отворат и сите останати криминали јас јавно те прашувам:
1.Кој од криминалците на ДУИ ти ги расчисти и затвори во оваа цела година додека си апсолутна власт во Македонија?
2.На кој од криминалците на ДУИ ти им покрена постапка и ги уапси со докажан криминал за една година додека си премиер, а втора година имаш твој Министер за внатрешни работи?
3.Дали си свесен дека Ганиу, Меџити и Адеми се на власт како функционери на ДУИ повеќе од 20 години?
4.Тие 150 дивоградби во Чаир сме ги спречиле незаконски да се легализираат и сме известиле за истото 2023, 2024 и 2025 година, време кога Висар Ганиу прво беше ДУИ, а потоа стана ВЛЕН!!!
Ете ти криминалци од ДУИ постапи! Тоа што се измешале да се скријат во ВЛЕН меѓу Касами, Гаши и Таравари, не ги прави ништо освен политички побегуши на ДУИ што сакаат да си обезбедат нови функции.
На Висар Ганиу никој не му е крив што му текнало на 20 март 2025 година да прави фалсификати за да ги запишува нелегално дивоградбите со кривично дело во катастар на недвижнини. Го фативме со криминалот и наместо институционално да не заштитиш, ти го браниш!
Ти Мицкоски дозволи Висар Ганиу и Ејуп Адеми на секој можен начин да се обидат да ме заплашат, да ми се закануваат, за да се повлечам од разоткривање на криминалот кој им го фативме во Скопје.
Ти Мицкоски дозволи Ганиу да те седне во скут, да го браниш место да го апсиш. Излезе на телевизија нарекувајќи го “господинот” Ганиу, да го застапуваш и се обиде со девалвации, со лични навреди и квалификации дополнително да ги подгрееш нападите кон мене, наместо да ги спречиш.
Овие што се обидуваат да се заканат и етнички дека ќе се дестабилизирала државата бидејќи им фатив криминал, уствари дестабилизирани се самите бидејќи сега треба парите за дивоградбите што им ги зимале на луѓето да им ги враќаат.
Ако не си вмешан во нивните криминали, не ги брани, биди премиер на сите граѓани и заштити не!!! Ако си вмешан и продолжиш да им бидеш адвокат, само ќе докажеш дека сте соучесници, А ЈАС НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ И ПОКРАЈ ЗАКАНИТЕ БИДЕЈЌИ ЗА СЀ ИМАМЕ ДОКАЗИ!
Не политизирај, не филозофирај, постапувај и апси, почни од Висар Ганиу, па макар и брат да ти е!!!
Да го направеше тоа, од мене и покрај тоа што сме противници ќе имаше целосна поддршка, затоа што би требало да сакаш да живееш во Македонија во која криминалци нема да можат, затоа што не се постапува утре да се заканат на твојата сопруга, сестра, мајка.
Ако не превземеш чекор и покрај доказите за криминалот со дивоградбите тогаш си соучесник на фалсификатите и нема други оправдувања! А јас докази имам многу, НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ И НЕ СЕ ПОВЛЕКУВАМ.

Back to top button
Close