Арсовска до Славески: Биди храбар Трајко – ја имаш мојата поддршка
Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има, ова му го напиша доцна вечерва градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска на претседателот на Град Скопје, откако претходно денеска приватните превозници преку член на Совет на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги. На потег е градоначалникот Арсовска, напиша претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на социјалната мрежа Х..
„Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не.
Биди храбар Трајко!“, му порача Арсовска на Славески.