Арсовска -Два месеца ми се јавуваат амбасадори со Тимчо сте „кукале“ дека ви ја растурам коалицијата со Влен заради дивоградбите. Победивте, биди сега ко Рама и руши

Данела Арсовска утрово преку фејсбук му се обрати на премиерот Мицковски и го храбри сега кога Чаир го добил нивниот коалиционен партнер поточно Меџити да биде како председателот на Албанија Еди Рама и да почне да ги руши дивоградбите.
Таа открива дека два месеца молчела оти тој како што му напишала во друштво со Муцунски оделе кај амбасадорите и „плачеле“ дека Арсовска со објавувањето на криминалот со дивоградбите во Чаир им ја руши  коалицијата со Влен
Добро утро господине Мицкоски
Проблемот со ѓубрето е апсолвирана тема, здружено со ТВОИТЕ кадри ВИЕ го креирате и континуирано правите хаос, кој бидејќи сте “способни” ќе го “решите” за 72 часа. Да заклучиме штом се средува за 72 часа ептен било лесно да се реши, не знам што чекавте до сега, многу пати те повикав во интерес на граѓаните да соработуваш.
Нормално лесно ќе го решите проблемот кој вие го креирате, а можевте и до сега, знаеш колку пати 72 часа поминаа во овие 4 години.
Ајде да се вратиме на проблемот поради кој го правиш овој хаос со “ѓубрето”, затоа што ми досади од твоите нарачки и напади со маслинка медиумите и ботовите.
Со месеци заедно со твоето дипломатче чудо од дете плачевте по целиот дипломатски кор, дека си имал проблем со коалицискиот партнер за локални избори поради Чаир.
Демек јас жена сама многу проблеми ви правам. Еве бевте 2 месеци раат од мене за да не ми се јавуваат пола амбасадори во Македонија дека кукаш ќе ти се рушела коалиција поради криминалот на твоите партнери од Чаир.
Сега кога коалицискиот ти победи во Чаир, ај да почнеш да бидеш и ти лидер ко Еди Рама и да срушиш сѐ што не е безбедно за скопјани. Или на овој Изет уште не смееш да му писнеш?
Ајде ајде, финансова полиција и МВР по твоја нарачка експресно упаѓаат по институции 2 дена откако ќе пријави твој партиски другар. Значи се можело.
А јас повеќе од 6 месеци пријавувам и чекам во Чаир со тебе и твоиве институции заедно да одиме да ти го покажам лично криминалот.
Let’s go! 😎Г

Back to top button
Close