Арсовска: Еден од министрите секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот профил на „Фејсбук“ го повика шефот на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, да постапи по, како што вели, „доказите за криминал“ што се однесуваат на актуелни случаи поврзани со институции од Владата.

„Го повикувам Ислам Абази да ги оправда тие два проценти доверба кои ги има обвинителството кај граѓаните и да постапи по доказите за криминал“, напиша Арсовска, додавајќи дека во спротивно се создава опасен преседан во кој, според неа, би можело секој да гради „безбедни дивоградби“ и да обезбедува бесплатни станови со бесплатна вода и струја, без да сноси одговорност. Во својата објава таа упати и критика кон дел од владините функционери, наведувајќи дека „еден од министрите секојдневно врши притисок преку дипломатски претставништва за да престане да говори за криминалот до избори“.
Арсовска во своето обраќање порача дека граѓаните веќе ги препознале, како што вели, во односот на институциите кон одредени случаи и ја обвини Владата дека не реагира на можни злоупотреби поврзани со општина Чаир






