Арсовска ги почна посетите на домаќинствата од Бутел

Од денеска кандидатката за градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска ја започна теренската активност од врата на врата и посети повеќе домови, каде што имаше можност да разговара со многу семејства, да ги слушне нивните потреби и барања за унапредување на квалитетот на животот во ова населено место и да им ги презентира главните проекти од нејзината програма.

Подобрување на инфраструктурата, трајно решение за проблемот со водоснабдувањето и повеќе зелени површини се издвојуваат како главни недостатоци во општина Бутел.

– Реакциите што ги добив од жителите на оваа скопска општина, планирам да ги сумирам, потоа анализирам со цел да ги вметнам во планот на моето на работење како градоначалник на Град Скопје. Јас сум човек што доаѓа од народот, да ги исполнам барањата токму на народот и заедно со нив да го направам Скопје подобро место за живеење е мојот врвен приоритет – изјави Арсовска по средбата со жителите од општина Бутел.

 

Back to top button
Close